Екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на реката Грашница по нејзиното течение на потегот од булеварот „Туристичка“ до улицата „Гоце Делчев“.
Оваа акција е продолжение на минатонеделната акција кога машински се расчистуваше речното корито на Грашница во месноста Лескајца, а сега поради тешка пристапност на специјалната механизација, овој потег се расчистува рачно.
Речното корито на овој дел од течението има бетонска подлога и се расчистува од тревната и џбунестата вегетација, како и наносите од земја, песок и расфрлан комунален отпад.