Градоначалникот Бакрачески се сретна со жителите од УЗ Стар град

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, вечерва, тој оствари средба со жителите од УЗ Стар град.

Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа.

sredba_star_grad_4001

Овој начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите, како и за побрзо и поефикасно решавање на проблемите на жителите.

sredba_star_grad_4002