Премиерот Никола Груевски придружуван од владин тим е во неколкудневна посета на САД. Денес тој оствари средба со Македонците кои живеат и работат во Њујорк и со нив разговараше за повеќе теми.
Средба со македонските иселеници оствари и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Претходно, премиерот Никола Груевски разговараше и со Македонците кои живеат во Охајо.