Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска денес заедно со директорот на УНИЦЕФ присуствуваше на одбележувањето на „Најголемиот глобален час“, како манифестација во која учествуваат повеќе од 100 земји во светот, кон која се приклучи и Република Македонија.
„Се работи за вкупно 17 глобални цели со кои ќе се подобруваат трите најважни работи во наредните 15 години: Крај на сиромаштијата, Борба против нееднаквоста и неправдата, Климатски промените. А поддршка кон нивното остварување можеме да дадеме само доколку нашите деца, учениците уште од најмали години ги едуцираме како треба да постапуваат и на кој начин можат да придонесат кон тоа“, истакна министерот Адеми.
За таа цел, напомена тој, во текот на оваа недела основните училишта во земјата, учениците од третто до деветто одделение ќе погледнат анимиран филм и слушнат кратки лекции за запознавање со најважните глобални цели и ќе почувствуваат дека навистина се дел од она што се случува во светот, и дека тие се движечка сила за имплементација на целите во иднина.
„Нека биде ова една порака дека и нашата земја го дели ставот со целиот свет кога се во прашање заложбите за градење на подобра планета и подобар живот“, рече министерот Адеми.