Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ донираше лектирни изданија за училишната библиотека

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти вечерва одржа состанок, на кој донираше лектирни изданија за училишната библиотека за потребите на учениците.

Имено соработката меѓу училиштето и советот на родители е на високо ниво. Родителите на состаноците преку директорот на училиштето, Гоќо Чингоски се информираат за потребите на учениците, проектите кои училиштето ги работи и разните активности од типот на: екскурзии, настава, проблеми, развојни програми итн.

Советот на родители на состанокот го информираше директорот за нивниот став и начин на гледање на работите, се со цел за подобро насочување и успех на учениците. Советот на родители исто така вети дека ќе помогне на учениците со послаби материјални услови.

„Нашата цел е да направиме мост меѓу родителите и наставниците за подобар развој и бенефит на нашите ученици.“- вели директорот Чингоски.

WebOhrid