Македонскиот шампион МЗТ Скопје претрпе пораз на отварањето на сезоната во регионалната АБА лига, металците во Љубљана се поразени од домашната Унион Олимпија со 91-76.
Нашиот првак во новата сезона влезе со видно изменет состав со многу нови кошаркари, дополнителен проблем за стратегот на МЗТ, Пипан се и повредите на двајцата организатори на играта Протиќ и Љубичиќ.
На дуелот во Љубљана гавен проблем за МЗТ Скопје беше лошата одбрана во рекетот.
Словенечкиот тим од почетокот до крајот на мечот го имаше водството и заслужено стигна до вредна победа од 91 – 76.
Најефикасен кошаркар во редовите на нашиот шампион беше Дренвац со 21 поен, двоцифрен број на поени постигнаа и Луковиќ 14 и Буниќ 10.
Натпреварите во АБА лигата тимот на МЗТ Скопје ги продолжува веќе в недела кога на домашен терен во СЦ. Јане Сандански ќе го дочека српскиот прволигаш Металец, избраниците на Пипан со поддршка на публиката ќе се обидат да го остварат премиерниот триумф во регионалната лига.