Градската библиотека ќе врши продажба на дела од капиталните едиции

Во следниот период НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе врши продажба на дела од капиталните едиции: „Ѕвезди на светската книжевност“, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ дел од едицијата „Македонски искушенија“ како и изданија од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“.

„Преку оваа продажба читателската публика може по многу прифатлива цена да ги набави публикациите од гореспоменатите едиции.

Просечна цена, на пример, на една книга од едицијата „130 тома македонска книжевност“ изнесува 157,00 денари, а на 10 месечни рати може да се отплаќа комплет од едициите.“– велат од охридската библиотека.

Во следниот период комплетните списоци со поединечни цени за сите изданија ќе бидат објавени на веб страната на Библиотеката: www.bibliotekaohrid.mk.