Средба меѓу амбасадорот на Куба Педро Пабло Сан Хорхе и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ

Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ оствари работна средба со амбасадорот на Република Куба, Педро Пабло Сан Хорхе. На средбата се разговараше за воспоставување билатерална соработка меѓу двете земји, продлабочување на кубанско-македонската културна соработка и имплементација на заеднички проекти од областа на културата во двете земји.

Исто така, беа разгледани и можностите за воспоставување позначајна соработка, како и за потпишување билатерален договор за културна соработка меѓу двете земји. На средбата присуствуваше и претседателот на Македонско-кубанското друштво, Дејан Органџиев.

Zamenik_640_-_3