Вчера издадени 1.970 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 30.09.2015 до 01.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.970 странски државјани, од кои, 1.273 се од машки пол, 216 се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 171 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.092, Авганистан –657, Ирак-125, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 01.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 108.888 странски државјани, од кои, 72.171 се од машки пол, 14.525 се од женски, 18.335 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.857 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-81.307, потоа Авганистан-12.482, Ирак-7.195, Пакистан-2.853 Палестина-1.162, Иран-683, Сомалија-670, Бангладеж-657, Конго-371, Нигерија-223, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 30.09.2015 до 01.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 30.09.2015 година евидентирани се 3 баратели на азил, сите мажи((еден повреден). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
29.09/ 17.00 – 30.09 / 17.00

Табановце
Укажана прва помош:169 лица
Вода :436 шишиња
Пакети со храна: 34
Ќебиња: 19
Млеко : 8
Пелени за деца: 14пакувања
Бебе сет: 11

Гевгелија
Укажана прва помош: 643 лица
Вода :2436 шишиња
Пакети со храна: 556
ќебиња: 219
Бебешки пелени: 15
Пакети со хигиена:41
Бебе сет: 14
Прва помош сет: 14
Бисквити: 100 пакувања
Транспорт : 3