Вчера издадени 2.473 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 01.10..2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.473 странски државјани, од кои, 1.526 се од машки пол, 363 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 77 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.382, Авганистан –916, Ирак-98,додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 111.361 странски државјани, од кои, 73.697 се од машки пол, 14.888 се од женски, 18.842 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.934деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-82.689, потоа Авганистан-13.398, Ирак-7.293, Пакистан-2.910 Палестина-1.162, Иран-697, Сомалија-670, Бангладеж-661, Конго-371, Нигерија-223, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 01.10.2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 02.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.10.2015 година евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи((еден повреден). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика
Црвен крст мобилни тимови
30.09/ 17.00 – 01.10 / 17.00

Табановце

Укажана прва помош:291
Вода :238 шишиња
Пакети со храна: 17
Ќебиња: 63
Пакети со хигиена:12
Пелени за деца: 5 пакувања
Бисквити : 2 кутии ( x 100)
Бебе сет: 9
Млеко за бебе: 16 кутии

Гевгелија

Укажана прва помош: 996 лица
Вода : 7228 шишиња
Пакети со храна: 334
ќебиња: 230
Бебешки пелени: 19
Пакети со хигиена: 4
Прва помош сет: 2
Церади: 4
Бисквити: 35 кутии ( x100)

Бебе сет:12.