Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна:
„Навистина денеска имаме отпочнување на значајни настани во нашата земја, каде што на наша голема чест се млади социјалдемократи од Европа и светот, предводени од IUSY, тоа е меѓународна, интернационална унија на социјалисти.
Навистина во вистински момент. Како социјалдемократи, пред `се заедно со нашата младина, се трудиме низ дијалог, по пат на преговори да ги подобриме процесите во нашата земја, унапредувајќи го севкупниот квалитет на живот, заедно со севкупната слобода, демократија, правда, но и економските перспективи на нашата земја.
Ваква средба од 2002 година прв пат се организира во Македонија. Овие млади луѓе кои можевте да ги видите овде се лидери од нивните општества, пред `се од балканските земји, но секако и од Европската унија коишто заедно со нас ќе црпат искуство од она што ние го работиме, но и ќе споделат со нашата младина и искуства од нивните земји. Се во фунцкија на принципиелно унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, генерално на Европската унија, но секако и на нашата Македонија.
Затоа денеска се надевам дека оваа средба ќе донесе плус бенефит за политичкиот развој во нашата земја имајќи предвид дека младите се токму тие коишто се идни генерации на коишто го оставаме ова наше општество да го надоградуваат во делот на севкупниот квалитет на живот за сите граѓани.“– изјави Заев.