Делегација на СДСМ во состав Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и членот на И.О на СДСМ Едмонд Адеми присуствуваат на 6 Конгрес на СДП БИХ, што се одржува денеска во Сараево.
На Конгресот чест да се обрати во име на СДСМ имаше и потпретседателот на СДСМ, Манчевски. Тој пренесе благодарност до сестринската партија од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за меѓусебната соработка и поддршка, посакувајќи плодна и успешна работа на новото раководство.
Манчевски посочи дека и Македонија и БИХ се исправени пред предизвиците за враќање на основни човекови прави и слободи за своите граѓани и изградба на вистински граѓански општества. Во таа насока изрази почит за солидарноста на СДП БИХ кон заложбите на СДСМ и на граѓаните на Македонија за враќање на слободата и демократијата.
Во рамки на посетата, делегацијата на СДСМ оствари и билатерални средби со претставници на други делегации, меѓу кои со Ранко Кривокапиќ, претседател на Собранието на Црна Гора и претседател на СДП Црна Гора, со делегации на Демократската партија на Србија, на Социјалдемокраската лига на Војводина.