Од 19 јули до денес издадени потврди на 113.501 странски државјанин

Во периодот од 08,00 часот на 02.10.2015 до 03.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на вкупно 2.140 странски државјани, од кои, 1.419 се од машки пол, 245 се од женски, 413 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 63 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-975, Авганистан –802, Ирак-192, додека другите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 02.10.2015 до 03.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Инаку, во периодот од 19.06.2015 до 03.10.2015 година издадени се потврди на вкупно 113.501 странски државјани, од кои, 75.116 се од машки пол, 15.133 се од женски, 19.255 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.997 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-83.664, потоа Авганистан-14.200, Ирак-7.485, Пакистан-2.966 Палестина-1.164, Иран-730, Сомалија-702, Бангладеж-670, Конго-371, Нигерија-224, Камерун-183, Еритреја-166, Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 02.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.