Екипата на КМФ Железарец во последното коло од групата 4 во рамките на групната фаза на Уефа футсал купот славеше победа над Сиеви.
Нашиот најтрофеен футсал клуб победи со 6:5 и со тоа го освои второто место во групата 4 кое обезбедува пласман меѓу 16 најдобри екипи во Европа.
Железарец одлично го отвори натпреварот и успеа рано да поведе со 1:0. Гостите до крајот на полувремето направија комлетен пресврт. Во продолжението при резултат 4:2, кога се чинеше дека дуелот е решен, екипата на Железаец успеа во период од 3 минути да направи комплетен пресврт и да поведе со 5:4. Сиеви повторно се врати во игра и го израмни резултатот на 5:5. Голот за победа и пласман во елитната фаза од Уефа натпреварувањето го постигна Тодоровски.
Железарец е единствениот клуб од Македонија во историјата кој успеа да се пласира во во елитната фаза на УЕФА.
Најтофејниот македонски клуб во првото коло загуби од Слов-Матик со 5:3, додека во второто забележа убедлива победа над Ајндховен од 6:3.