Вчера во 13,45 часот во Охрид на бул.„Туристичка“, во канцеларија на Агенција за недвижности „Трим Љум“, сопственост на Ќ.М.(55) од с.Биџево-Струга, каде бил присутен П.А.(52) од Охрид ул.„К.Шапкарев“бр.4, влегол С.О.(52) од Охрид, кој започнал расправија со Ќ.М. поради нерасчистени имотно-правни односи.
Во еден момент С.О. извадил пиштол „ЦЗ“, кој го поседувал со дозвола, и почнал да им се заканува. Тогаш А.П. со лицето С.Ѓ.(38) с.Велгошти-Охрид, му го одзеле пиштолот, по што го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.