Светски ден на животните

Ширум светот денес, 4-ти октомври, се одбележува Светскиот ден на животните. Светскиот ден на животните  е основан во 1931 година  во Фиренца на Светскиот конгрес на пријатели на животните.

Главната цел на одбележувањето на Светскиот ден на животните е да се привлече вниманието на неправдите кои луѓето им ги нанесуваат на животните, а со тоа да ги поттикне државните власти да бидат доследни на имплементација на законодавството во врска со благосостојбата на животните.

Според податоците на Светската унија за заштита (IUSN), погодени  се 21% од цицачите, 30% од водоземците, 12% од птиците, 28% од влекачите, 37% од рибите и 35% од без’рбетниците.