Понеделник неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11-ти октомври (недела), Денот на народното востание, односно 12-ти октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.