Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваа на Четвртиот Меѓународен натпревар „Гатус 2015“ – најзначајната угостителско-туристичка манифестација на Балканот каде што се закитија со три втори места.
„Во конкуренција на 12 средни училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија, тие за својот труд, заслужено на своите гради ги ставија СРЕБРЕНИТЕ признанија во трите дисциплини и тоа:
– во дисциплината „Поставување на традиционална маса за 4 лица“ учениците Наум Нестороски, Адријан Османоски и Ерол Камбероски под менторство на професорката Марија Ристеска;
– во дисциплината „Традиционално јадење“, учениците Томе Јованоски, Емилија Јовческа и Стефан Новакоски под менторство на професорот Блаже Јорданоски;
– во дисциплината „Креирање и презентирање на тридневен туристички аранжман за одмор на село, за четиричлено семејство со две деца на возраст до 10 години“, учениците Антонио Попоски, Дајана Сиљаноска и Менде Костоски под менторство на професорите Елена Митреска и Григор Ангеличин-Жура.“- информираат од училиштето.
Целта на натпреварот беше афирмирање на руралните средини како потенцијални туристички дестинации за развој на туризмот.
„Особено внимание се посвети на гастрономските трационални специјалитети автентични за определената дестинација.“- додаваат оттаму.