Заев: Застануваме во одбрана на кејот и секој сличен узурпаторски потег

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција на која истакна:

„Центарот на нашиот главен Град станува се попроблематично место за живеење.

Од снимките коишто ги слушнавме од телефонските разговори видовме дека Никола Груевски е главниот планер, главниот архитект, главниот реализатор. Не постои ниту стручна расправа, ниту јавна анкета, граѓаните не се прашуваат воопшто.

Овој проект надмина 600 милиони евра и само по себе веќе претставува тесно грло во градот, но секако, и огромен проблем.

Структурната поставеност, целосната поставеност на објектите, нивната нефункционалност и недимензионираност уште од сега предизвикуваат огромни проблеми, а проблемите ќе бидат сé позначајни како времето одминува.

Сообраќајниот метеж којшто се јавува во центарот на градот, не само што не е решен, туку тој и дополнително се компликува.

Затоа одлучивме, во духот на она за коешто се залагаме, ние од СДСМ, градоначалникот Андреј Жерновски и советниците до целата опозиција, да градиме партнерство со граѓаните и граѓанските организации, создавајќи фронтови на одбрана на главниот град. Секако, во духот на таа борба, се и нашите активности коишто веќе се преземаат овде за Кејот, за Дебар маало, за гаражата кај Ауто Македонија и секое она место коешто извршната власт ќе се обидува да го узурпира. За жал, се сечат десетолетни дрвца, се уништуваат паркови, целата оваа работа пред очите на скопјани и на сите граѓани на Македонија. Сите знаеме дека е недозволиво.

Доаѓа време кога власта ќе се врати кај граѓаните. Апсолутно, нема повеќе да дозволиме без јавни анкети, без стручни расправи, без консултација на стручната јавност, да некој си наговестува и импелментира самоволие. Тоа апсолутно не е дозволиво, посебно, заради тоа што се работи за нашиот главен град.

Денеска со нас е и градоначалникот Жерновски и советниците од Центар, или јас сум со нив, за да им наговестиме една одлука којашто денеска Советот ќе ја донесе, но секако, ќе биде исклучиво во полза на граѓаните и заштита на централното градско јадро.“- истакна Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=YQp6wKplF4M