Конкурс за доделување на општинска награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“

Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Градоначалникот на општина Охрид распишува:

К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА –
ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во чест на празникот „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2015 година, се распишува Конкурс за доделување на општинска награда Патрон на градот „Св. Климент Охридски“.

Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развој на градот и за нејзиниот севкупен придонес и афирмација во Република Македонија и светот.

Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат за какви остварувања конкурираат. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.

Конурсот трае заклучно со 20.11.2015 година сметано од денот на објавување на конкурсот.

Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Пријавите да се доставуваат во затворен плик на адреса:

Општина Охрид ул. „ Димитар Влахов“ бр.57, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ОХРИД (со назнака „ЗА КОНКУРС ПАТРОН НА ГРАДОТ Св.Климент Охридски“).

Општина Охрид
Градоначалник
Никола Бакрачески