Вчера издадени 2.582 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 06.10..2015 до 07.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.582 странски државјани, од кои, 1.582 се од машки пол, 319 се од женски, 529 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 152 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.827, Авганистан –481, Ирак-88, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 07.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 122.952 странски државјани, од кои, 81.156 се од машки пол, 16.271 се од женски, 21.148 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.377 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-89.089, потоа Авганистан-17.080, Ирак-7.929, Пакистан-3.155 Палестина-1.228, Иран-892, Сомалија-740, Бангладеж-731, Конго-426, Нигерија-229, Камерун-200, Еритреја-168, Етиопија-144, Судан-121, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 06.10.2015 до 07.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 07.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.10.2015 година евидентирани се 1 барател на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита едно малолетно лице без придружба на старател,двајца мажи и малолетно лице со придружба се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
05.10/ 21.00 ч. – 06.10 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на :141 лице
Вода :77 шишиња
Бисквити: 6 кутии ( х 100)
Ќебиња: 19
Пакети со хигиена: 7
Прва помош пакети: 8

Гевгелија

Укажана прва помош на: 725 лица
Вода :3900 шишиња
Хигиенски пакети: 7
Ќебиња:135
Пакети прва помош: 6
Транспорт: 8 лица