Под мотото „Сите заедно до подобро утре“ , од 5-ти до 9-ти Октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската Недела.
По повод ,„Детската Недела“ во посета на Локалната самоуправа беа ученици од прво до петто одделение од ОУ„Дебрца“ заедно со нивните наставници.
„При посетата учениците накратко се запознаа со работата на градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето. Оваа недела во училиштето во општината Дебрца ќе се дискутира за правата на децата, а нашата цел е да допреме до децата и да ги поттикнеме самоиницијативно почесто да размислуваат за своите права.“- велат од општината.