Денес состанок на тема „Превенција од провални кражби“

„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во малата сала при општина Охрид. Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа – сектор за комунален развој, а поканети се претседатели на урбани заедници, заедници на станари, фирмите кои стопанисуваат со станбените објекти „Урбан Солитер“ и „Мебо“. Поканети се и заинтересирани граѓани од зградата „Кифла“; северно на булевар „Туристичка“; југо–источно по улицата „7ми Ноември“; западно по улицата „Питу Гули“; западно по улица „Јане Сандански“ се до со спојот со булевар „Туристичка“.

На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи, со пауер поинт презентација ќе одржи едукативно предавање на тема:„Обезбеди се не биди жртва на кражби“.

На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од Законот за домување.