Мерцедес удри во приколка со грозје на „Туристичка“

Денес нешто по 16:30 часот на булеварот „Туристичка“ на крстосницата кај „Мини-маркет“, патничко моторно возило Мерцедес удри во приколка со грозје. 

Освен предницата од Мерцедесот, материјална штета беше причинета и кај автомобилот со приколката, односно самата приколка од која поголемиот дел од грозјето заврши на самата улица.

Сообраќајот беше во мал застој и беше пренасочуван додека траеше увидот од страна на полицијата.

Веднаш потоа беа повикани и екипите од комунална хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ кои го собраа грозјето.

WebOhrid