Градоначалникот Трајкоски избран за нов претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

На денешната 9-та седница на Советот за развој на Југозападниот Плански Регион Градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски е избран за Нов Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на кој едногласно со шест гласа ЗА е избран од страна на градоначалниците кои припаѓаат во Југозападниот Плански Регион.

Мандатот на Претседателот на Советот за развој на Југозападниот Плански Регион трае две години. На седницата на дневен ред беа поставени повеќе точки како и Избор на претседател на Советот за развој на Југозападниот регион.

Градоначалникот Игор Трајкоски, посветено и одговорно ќе ја извршува функцијата Претседател на Советот и воедно упати благодарност до Градоначалниците на Општините во Југозападниот Плански Регион за искажаната подршка .