Во периодот од 08,00 часот на 08.10.2015 до 09.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.569 странски државјани, од кои, 1.512 се од машки пол, 369 се од женски, 553 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 135 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.463, Авганистан –707, Ирак-234, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 09.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани, од кои, 83.924 се од машки пол, 16.921 се од женски, 22.102 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.606 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-91.654, потоа Авганистан-18.462, Ирак-8.311, Пакистан-3.213 Палестина-1.273, Иран-1.006, Сомалија-746, Бангладеж-740, Конго-426, Нигерија-229, Камерун-202, Еритреја-172, Етиопија-144, Судан-123, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 08.10.2015 до 09.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил поднесени 18 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 14 барања се од државјани на Сирија, од нив пет за деца, и по две барања од државјани од Либан, Палестина, (три од барањата се за деца) .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 09.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во текот на последните 24 часа на Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство Скопје породени се со нормално породување две мигрантки од Сирија и Авганистан:
Во континуитет се спроведуваат и превземаат општите превентивни мерки за дезинфекција и дезинсекција ,при што извршена е комплетна дезинсекција на Транзитниот центар Гевгелија како и комплетна дезинфекција на Транзитниот центар Гевгелија и Пунктот за помош во Табановце и дезинфекција на превозот од железничкиот сообракај
Во дисперзираната амбуланта во Транзитниот центар Гевгелија пружена е здравстевна заштита на 15 мигранти и еден транспорт до ОБ Гевгелија.
Мобилните тимови на Црвениот крст, во периодот од 21.00 часот на 07.10. до 21.00 часот на 08.10. допринеле со следниве активности:
• На ГП Табановце:
Укажана прва помош на : 161 лицe
Транспорт од Табановце до Кумановска болница- 1
Донирале: Вода :444 шишиња, Бисквити:16 кутии ( х100), Двопек:37 пакувања, Млеко за бебе:7, Шише за бебе:8, Пелени за бебе:3, Ќебиња: 79, Пакети со хигиена: 4, Бебе сет: 8
• На ГП Гевгелија
Укажана прва помош на: 1067 лица
Транспорт од Камен 59 до Винојуг: 11 лица
Препратени случаеви до екипите на МЗ- 24
Донирани: Вода :4956 шишиња, Бисквити:31 кутиja ( х 100), Ќебиња:130, Бебе сет : 13