Делегација од германскиот град Визмар беше во работна посета на Охрид.Гостите од Германија односно градоначалникот и сенатор Михаел Беркан , спикерот на градскиот совет Андреас Нилсен, членовите на градскиот совет и на партијата ЦДУ Др. Хоот и Фридер Вајнхолд, остварија работен состанок со заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој .
На средбата се разговараше на повеќе теми како што се одржлив развој на туризмот и стопанството а се разгледаа и можностите за заеднички настап пред европските фондови и УНЕСКО фондовите.
Денеска претставниците на Визмар ги посетија културно историските и туристичките знаменитости во Охрид, и остварија работна средба со претставници од охридскиот Завод и музеј .
Заклучокот е дека Охрид и Визмар можат и требаат заеднички да соработуваат и партнерски да настапуваат со проектни апликации до сите европски фондови посебно фондовите на УНЕСКО како и до ИПА фондовите за преку гранична соработка со Република Албанија.
Визмар е пристаништен град на Балтикот -Источно море а стариот дел на градот е под заштита на УНЕСКО како културно историско наследство што даде посебна димензија на меѓусебната работна средба, имајќи во предвид дека и Охрид е под капата на оваа организација.