Младинската екипа на РК Охрид 2013 под палка на тренерот Наум Бабачев во недела (11 октомври) со почеток во 15:00 часот ќе ги одмери силите со екипата на РК Работнички во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.
Оваа сезона е трета по ред и во неа охриѓани влегуваат со полна пареа. Како што информираат од клубот, бидејќи РК Охрид 2013 оваа година не пријави пионерска екипа, поголемиот дел од пионерите се приклучија во редовите на тренерот Наум Бабачев кој веќе трета година ја води младинската екипа.
Сите љубители на ракометот ќе можат да го проследат овој натпревар од 15:00 часот, а кој воедно ќе биде увертира за натпреварот од ВИП машката ракометна Суперлига помеѓу РК Охрид 2013 и РК Пелистер кој ќе започне во 19:00 ч.
WebOhrid