ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид даде свој придонес со поддршка за спортско рекреативната хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на „Црвен Крст“ – Охрид.
Учениците од Младинската организација како волонтери беа вклучени во целокупната организација на настанот, додека пак професорката Катерина Стојаноска беше одговорна за учеството на спортските игри со учениците од паралелките за ракомет, фудбал и кошарка презентирајќи ги спортските способности и вештини на присутните. Под мотото „Дружи се, спортувај, забавувај се, биди хуман“! тие учествуваа на спортските игри на Градскиот плоштад со цел да се донираат средства за помош на најранливите категории во зависност од нивните потреби.
„Во Училиштето како и на самиот настан во хуманитарната продажба учениците и професорите купија учеснички броеви – купони по симболична цена од 30 денари и не само што ја помогнаа акцијата тука имаат можност да добијат и вредни награди! Нашата цел и во иднина ќе биде да ја покажеме нашата хуманост на дело.“ – велат од училиштето.