Групата „Шурбевски Езгија трио“ и кларинетистот Ацо Тасески ќе оддржат концерти „Вечер на чалгиска музика“ во Охрид и Ресен.
Охриѓани денес ќе имаат ретка прилика да уживаат во звуците на традиционалната чалгиска македонска музика, во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток од 18 часот по што познатиот вокално инструментален состав ќе настапи во Ресен.
Концертите се реализираат со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а имаат за цел да ја зголемат културна понуда на општините.