Охридската гимназија се вклучи во општинската прослава на 11-ти Октомври

Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ се вклучи во општинската прослава на големиот празник 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ со пригодна програма.

Хорот под раководсво на професорот Александар Димоски настапи на свечената академија во големата сала на Општина Охрид со две композиции.

„На нашите ученици, вработени, родители и на сите грѓани им го честитаме празникот и им посакуваме убав празничен продолжен викенд.“- велат од училиштето.