Претставата „Жени на власт“ од „Солза и смеа“ на 17-ти октомври во Охрид

Претставата „Жени на власт“ е најновата урнебесна комедија на Театарот „Солза и смеа“, во режија на Александар Димитровски, по текст на Стеван Л. Костов. Претставата која ќе ја прошета Македонија, а и светот е интересна приказна каде Господ им ја зема силата на мажите и им ја дава на жените, за сите неправди кои мажите им ги правеле. Со тоа улогите се менуваат и мажите се оние кои се понежен пол, а и се задолжени за сите обврски во домот, готвење и чистење, додека жените одат во општина и се задолжени за власта. Оваа интересна приказна завршува со уште поинтересен крај.

Во Охрид ќе се гостува на 17-ти октомври (сабота) во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 ч. Турнејата започна во Ресен, потоа следуваше премиерата во Битола, а следни градови во рутата се Кочани, Демир Хисар, Кавадарци, Мак. Брод, Скопје, Прилеп, Тетово.

Во претставата играат: Александар Димитровски, Никола Тргачевски, Марјанчо Ѓоргиевски, Валентина Кожовска, Катерина Петровска и Димитар Михајловски. 

Цената на влезниците ќе чини 120 денари, а ќе може да се купат на денот на претставата 2-3 часа пред почетокот на истата.