Тим предводен од Генералниот Директор на Arkia Itnernational, Дуду Макхлаб, денес на состанок со Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски, ја потврди својата намера за чартер летови кон Охрид почнувајќи од први јуни 2016 година.
Планирани се два чартер летови неделно, а во моментов е во проверка на сместувачките капацитети низ Македонија, по што се очекува да се склучат договори за сместување на туристите од Израел во наредните три недели.
Република Македонија со ова влегува во понудата на уште еден голем тур-оператор кој има историја на постоење повеќе од шест декади и годишен промет од над 1 600 0000 домашни и странски патници.
Интернационалниот превозник Arkia има конекции со 34 земји и повеќе од 600 туристички агенции лоцирани во најголемите метрополи ширум светот.
Од европските дестинации, Arkia лета во Италија, Ирска, Англија, Бугарија, Грузија, Германија, Данска, Холандија, Турција, Унгарија, Грција, Јордан, Словенија, Шпанија, Чешка, Франција, Кипар, Хрватска, Романија, Шведска, Швајцарија, Азербејџан, Русија, Полска, Украина, Норвешка, Финска, Ерменија, како и Сејшели и Танзанија.