Исчистени локации во стариот дел од градот

По налог на општинскиот инспекторат, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ исчистија повеќе локации во стариот дел од градот.

„Комплетно се расчистени тешко пристапни парцели во близина на Античкиот театар (ул.„Браќа Миладиновци“ ) кои беа обраснати со жбунеста вегетација и трње, а зелениот отпад е транспортиран. Исчистена е и локацијата над спомен-куќата на Григор Прличев.“- информираат од претпријатието.