Годинава натпреварот „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 19-ти октомври

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ годинава ќе го организира на 19-ти октомври (понеделник), а истиот ќе започне во 10 часот во просториите на Библиотеката.

Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките од основните училишта во градов и околните места и членовите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид до 14 години.

За подготовка на натрпеварот ќе се користи прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошевски според кој ќе бидат формулирани прашањата. Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од 60 минути а истите ќе се потпишуваат со шифра.

Победниците од овој натрпевар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој традиционално го организира Библиотекарското здружение на Македонија а годинава ќе се одржи во Библиотеката „Искра“ во Кочани на 30 Октомври. Ги замолуваме сите ученици кои имаат интерес да учествуваат на Општинскиот натпревар своето учество да го пријават најдоцна до 14.10.2015 година во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.