Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот Кристијан Џамбазовски учествуваше на Самитот за активен туризам во Пуерто Варас во Чиле кој се одржа од од 05 до 09 октомври 2015 година.
На Самитот Република Македонија беше претставена како хит дестинација за Аdventure Тravel пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи.
На Самитот во Чиле, директорот Џамбазовски најави дека во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, Република Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во Мај, 2016 година. Конференцијата ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија- Проектот ИМЕ, и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA).
ATTA- Интернационалната асоцијација за активен туризам е основана во 1990 година и опслужува повеќе од 1.000 членови во 90 земји во светот. Членови се претежно тур-оператори, туристички агенции, специјализирани агенти и медиуми кои имаат голем интерес за одржлив развој на авантуристички туризам, како пазар од 263 милијарди долари на годишно ниво.