Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески денес оствари работна средба со ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Нинослав Марина.
На средбата се разговараше за можностите да се воспостави соработка меѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и Општата Болница од Охрид во делот на научното истражување пред се за усовршување на техниките методи и софтвери за рано откривање на клетки на ракот.
Според замислата, биолози, доктори и ајти инженери, заеднички би работеле на развивање проект врз основа на кој што би се истражувале методи и постапки за рано откривање на клетките на ракот како една од најтешките болести на денешницата.