Вчера издадени 2.303 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 14.10.2015 до 15.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.303 странски државјани, од кои, 1.261 се од машки пол, 395 се од женски, 443 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 204 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.399, Авганистан –479, Ирак-283, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 15.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 143.279 странски државјани, од кои, 92.835 се од машки пол, 19.438 се од женски, 25.364 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.642 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-99.903, потоа Авганистан-22.766, Ирак-10.186, Пакистан-3.547 Палестина-1.447, Иран-1.410, Сомалија-794, Бангладеж-784, Конго-431, Нигерија-240, Камерун-207, Еритреја-200, Етиопија-149, Судан-125, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 14.10.2015 до 15.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 15.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.10.2015 година евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.