Доделени хуманитарните пакети за социјално најзагрозените граѓани

По повод 16-ти Октомври, Светскиот ден за борба против гладта, кој годинава се одбележува под мотото „Помислете и на нас“, денеска во општинската организација на Црвен Крст , заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, подели 60 хуманитарни пакети за социјално најзагрозените граѓани. Во хуманитарната акција, што ја спроведува Црвен Крст со подршка на Локалната самоуправа, вчера се вклучи градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со најблиските соработници во маркетот „Тамаро“ , купи прехрамбени и производи за одржување хигиена, кои се дел од хуманитарните пакети.

Socialni_paketi_16_10_2015_4853

Во рамките на Неделата за борба против гладта која трае од 16-ти до 22-ри октомври, општинскиот Црвен Крст, ја продолжува акцијата за собирање хуманитарна помош. Покрај собирните пунктови, Црвен Крст има пуштено во продажба и купони во вредност од 20 денари. Од собраните средства ќе бидат купени продукти за дополнителни хуманитарни пакети за помош на најзагрозените семејства во социјален ризик.

Socialni_paketi_16_10_2015_4852