СДСМ: Преговорите нема да продолжат се додека не се испочитува Законот за специјално јавно обвинителство

Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат се додека не се испочитува и спроведе Законот за Специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, се вели во соопштението на СДСМ.

„Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да му овозможи на Специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници согласно законските овластувања.“- се наведува во соопштението.

Од СДСМ бараат итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница како што пишува за кршењето на Законот за Специјалното јавно обвинителство и утврдување на рокови за исполнување на законските обврски.

Укажуваат дека во интерес на иднината и перспективата на Република Македонија е да и се овозможи на специјалната јавна обвинителка да работи самостојно и независно согласно законските овластувања.