Предавање „Остеопорозата – Превентивата е најдобар лек“ по повод Светскиот ден на остеопорозата

По повод Светскиот ден на борба против остеопорозата 20-ти Октомври, Црвен крст Охрид организира предавање на тема „ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек,“ кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог.

Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените хормони, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета жена и секој петти маж имаат остеопороза.

Освен за остеопорозата како заболување, на ова предавање ќе се говори и за значењето на витамините и минералите врз здравјето, ќе бидат назначени совети како до поздрави коски како и за третманот односно превенцијата од ова заболување, а акцент ќе се стави и на проблемите кои се јавуваат во устата како последица од ова заболување.

Предавањето ќе се одржи утре, во 18 часот во просториите на Црвен крст Охрид.