Вчера издадени 2.909 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 18.10.2015 до 19.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.909 странски државјани, од кои, 1.595 се од машки пол, 482 се од женски, 638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 194 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.648, Авганистан –626, Ирак-382, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 19.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 155.739 странски државјани, од кои, 99.600 се од машки пол, 21.532 се од женски, 28.218 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.389 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-106.915, потоа Авганистан-25.818, Ирак-11.697, Пакистан-3.729, Иран-1.806, Палестина-1.507, Сомалија-824, Бангладеж-828, Конго-450, Нигерија-244, Камерун-218, Еритреја-204, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 18.10.2015 до 19.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 19.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 18.10.2015 година евидентирани се 3 баратели на азил – мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови

17.10/ 21.00 ч. – 18.10 / 21.00 ч.
Табановце

Укажана прва помош на : 506 лица

Пакети со храна 6 ( дополнително се делат сендвичи, донација од Прокредит Банка)

Вода 620 шишиња
Бисквити:2 кутии ( х100)
Млеко за бебе:45

Шише за бебе:42

Влажни марамици:41 пакување

Пелени за бебе:15

Ќебиња: 104

Пакети со хигиена: 4

Бебе сет: 3

Транспорт од Табановце до Кумановска болница- 1

Гевгелија
Укажана прва помош на: 1034 лица

Вода :4992 шишиња

Пакети храна:221

Пакети со хигиена: 42

Бисквити:31 кутиja ( х 100)
Ќебиња:67
Бебе сет: 6

Шише за бебе:11

Чоколадно млеко: 58

Млеко за бебе:11

Транспорт од Камен 59 до Винојуг: 10 лица.