ОУТУ „Ванчо Питошески“ го одбележа патрониот празник

По повод патрониот празник на Училиштето – 18 октомври, учениците и наставниците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, го одбележаа со низа пригодни активности:

– положување свежо цвеќе на патронот,

– свечен коктел во духот на традиционалната македонска кујна подготвен и послужен од страна на наставниците и учениците,

– презентирање на наградените трудови од одржаните натпревари.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа организирани спортски игри, турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка.

Програмата беше збогатена и со неколку музички точки.