Извршниот совет на УНЕСКО го предложи Косово да биде дел од организацијата

Извршниот совет на УНЕСКО со мнозинство гласови го предложи Косово да биде примено во организацијата. За овој предлог 27 членови гласаа „ЗА“, против беа 14 и 14 воздржани. 

Претставниците на Русија, Куба и Индонезија се обидоа да го одложат ова изјаснување, но претседателот на Извршниот совет на УНЕСКО го одби тоа барање, наведувајќи дека иницијативата е задоцнета.

Македонија и Црна Гора гласаа „ЗА“ Косово да биде дел од УНЕСКО.

За одлуката Косово да биде примено во членството на УНЕСКО ќе се расправа на Генералната конференција од 3 до 18 ноември. Генералната конференција ја сочинуваат претставници од 195 земји членки. Секоја земја членка има право на еден глас, а за донесување на одлуки потребно е двотретинско мнозинство.

WebOhrid