„Пиратите“ ја почнуваат новата сезона

На 25 октомври во Загреб, Република Хрватска започнува новата сезона во ИНЛАЈН хокеј. Хокеарите на Металург познати како „Пирати“ ќе одиграат два натпревари и тоа против белградски Партизан и во вториот натпревар против Динамо од Загреб.

Минатата сезона „Пиратите“ го освоија второто место во Плеј-оф натпреварите и тоа со пораз по пет одиграни натпревари од 3:2, против повеќегодишниот шампион екипата на Куне од Загреб, која е инаку и поголемиот дел од хрватската инлајн репрезентација која оваа година го освои првото место во натпреварите од Светскиот Куп Првата дивизија.