Новите обврски за операторите со храна во однос на информациите поврзани со храната кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната и неодамна донесениот Правилник за информациите поврзани со храната беа тема на работилницата за операторите со храна која вчера се одржа со претставници од членките на Стопанската комора на Македонија. На работилницата претставници од Агенцијата ја објаснија европската и националната правна рамка за означување на производите со ставање на акцент на означувањето на одредени категории производи кои се интерес за претставниците на членките на Комората.
Објаснети беа основите на националното законодавство за означување на додатоците во исхраната и правилата за информациите поврзани со храната кои произлегуваат од новото законско решение за безбедност на храната, одговорностите на операторите во поглед на означувањето, како и детали од Правилникот како што е одредбата за големината на буквите во декларациите, списопкот на соостојки, истакнувањето на нутритивните тврдења и други детали од новиот Правилник за информации поврзани со храната.
Со цел да им излезе во пресрет на потребите на операторите во поглед на информациите кои се од делокруг на Агенцијата, а врз основа на кои тие треба да го усогласат своето работење, во наредниов период, во соработка со Стопанската комора на РМ, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одржи и други работилници за новите правила за информациите поврзани со храната во неколку градови во земјава.