Градоначалникот Бакрачески ги договори деталите за голема пролетна промоција на Охрид во Тел Авив

Во текот на вчерашниот последен ден од посетата на Израел продолжија поединечните средби на претставниците на Локалната самоуправа со менаџери на компании од областа на туризмот, спортот и високата технологија. Градоначалникот Бакрачески и раководителот на секторот за туризам се сретнаа со Шмуел Цурел, поранешниот Директор на Хотелската Асоцијација на Израел и Директор на маркетинг за странски држави при Министерството за Туризам на Израел, а сегашен Генерален Директор на S. ZUREL компанија за тиристички маркетинг, како и со Ангел Вајнштајн, поранешен Директор на Оделот за странски држави на авио компанијата „Ел Ал“ ( El Al ) и Генерлен Менаџер на Воздухопловни услуги на Израел.

izrael_2015k_400

На средбата се разговараше за организација на престојната голема туристичка промоција на Охрид во Тел Авив која е планирано да се одржи во периодот пред почетокот на следната туристичка сезона во Охрид. Воедно се разговараше и за посета на Охрид од страна на најголемите израелски туроператори на кои ќе им се презентира туристичкиот потенцијал на охридскиот регион како и можностите за соработка со домашните туристички работници.

izrael_2015k_4002