Во рамки на посетата на Израел во текот на вчерашниот ден директорот на ЈП„Билјанини Извори“, Ристе Мишев и директорот на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“, Томе Паскалоски имаа средби со претставници на компанијата „Спидо“ на кои се разговараше за можностите за влегување на овој гигант во организацијата и спонзорирањето на „Охридскиот пливачки маратон“. Во разговорите беа опфатени и аспектите на менаџирање и одржување на базените при што беше направена посета на еден од најсовремените базени во Израел, лоциран во Нетања.
Делегацијата на Охрид оствари средба и со Рони Киршнер, директор на компанијата „Сизар Вентурес“ ( SIZAR Ventures ), а воедно застапник на „Cello Park“ на кој беа разгледани најновите технологии и достигнувања во имплементација на интегративен софтвер за менаџирање со паркинг зони. Исто така остварена беше средба со Рон Тамари, сопвственик на „Некст степ“ ( NEXT STEP Advanced Motion Technology ), на која се рзгледуваа можности за инвестиции и соработка во процесот на менаџирање со спортски објекти и фитнес центри.