Издадени потврди на 3255 странски државјани за искажана намера за поднесување на барања за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 22.10.2015 до 23.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.255 странски државјани, од кои, 1.555  се од машки пол, 578  се од женски, 751 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 371 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-2.286, Авганистан –443, Ирак-326, додека другите се во помал број.

Во истиот период од до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Инаку од 19.06.2015 до денес во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 168.452 странски државјани, од кои, 106.103 се од машки пол, 23.740 се од женски, 31.259 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 7.350 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-114.667, потоа Авганистан-28.656, Ирак-12.951, Пакистан-3.865, Иран-2.205, Палестина-1.576, Сомалија-870, Бангладеж-853, Конго-467, Нигерија-250, Камерун-221,  Еритреја-204, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 23.10.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.