Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на Конференција организирана од страна на Клуб Алпбах -Австрија. Во своето обраќање Адеми истакна дека образованието, односно степенот на образование на населението на една земја е еден од најрелевантните параметри кој што го одредува развојот државата и нацијата. Определбата за квалитетно и функционално образование, во согласност со барањата на времето, тесно поврзани со потребите на пазарот на трудот, беше и е еден од приоритетите на образовните политики кои ги развива Република Македонија, односно Министерството за образование и наука на оваа земја, додаде Адеми.
„Со оглед на реалноста дека иднината на една држава се потпира врз здравата младина, врз добро образувана младина, на обучени млади кои се соочуваат со препреките во животот, дури и ние како министерство за образование и наука се поставивме во функција за постигнување на овие цели, секогаш водејќи сметка за виталните интереси на помладата генерација и општеството во целина“, рече Адеми.
Министерот Адеми во своето обраќање се фокусираше на високото образование, односно на корелацијата- високото образование и пазарот на труд, при што нагласи дека преку зајакнување на законските одредби, сега сите високообразовни наставни програми нужно се дизајнирани да бидат во функција на пазарот на трудот. Посебен акцент е ставен на промоцијата на практичната работа на студентите и нивната мобилност.
„Во интерес на организирање на практична настава на студентите, со цел подготовка на стручен кадар кој ќе ги спроведе техниките и современите и иновативни технологии во образованието, во рамките на институциите на високото образование, како задача што произлегува од Законот за високо образование, функционираат центрите за кариера. Во овие центри се вклучени профили на консултанти кои имаат познавања од образованието и нивна обврска е да формираат работни групи (каде исто така се вклучени претставници на Коморите) за организирање на состаноци, каде што ќе се промовираат барањата на пазарот на трудот и ќе се скрати растојанието меѓу понудата и побарувачката на работната сила. Таквите центри за кариера, организираат Саеми за кариера, каде е претставена потребата на пазарот на труд, како и условите и начините за вработување на младите“, рече Адеми.
Особено важен елемент за подобрување на високото образование е промовирањето на мобилноста на студентите и наставниот кадар.
„Сите студиски програми на сите високо образовни институции, мора, подеднакво во сите задолжителни и изборни предмети, да го содржат таканаречениот прозорец на мобилноста. Овие прозорци значат вклучување на мобилноста на студентите и наставниот кадар во остварувањето на целите на студиската програма надвор од институцијата за високо образование, во земјава и во странство, на ниво од 10% од предвидените часови, односно најмалку 20 ЕКТС мора да се добијат надвор од домашната институција, преку спроведувањето на мобилност“, рече Адеми.
Министерот се осврна и на научно истражувачкиот развој, како друга важна алка во развојот на општеството, при што додаде дека МОН финансиски ги стимулира научните активности, иновации и меѓународната соработка.
„Владата на Република Македонија, во 2012 година, ја усвои Стратегијата за иновации во земјата за периодот 2012-2020, која има за цел трансформација на земјата во една економија базирана врз знаење, конкурентна на меѓународниот пазар, обезбедувајќи високо обучена работна сила и иновативни компании. Една од најважните мерки преземени од страна на оваа стратегија е формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој во Република Македонија, како инструмент за финансирање на грантови за START AP и SPIN OF компании, трансфер на технологии, акцелератори, како и техничка помош за START AP компаниите“, рече Адеми.
Адеми нагласи дека од особено значење е и функционирањето на Центарот за трансфер на технологии, Центарот за квалитет, кои се во функција на развојот на истражувачките капацитети, споделувањето на знаењето и научните резултати, како и стимулирањето на бизнисот и зголемување на побарувачката за работна сила на пазарот на трудот.